Зголемена финансиска поддршка за органските производители
06.11.2015 10:10
Ќе добиваат од 30 до 100 проценти поголеми субвенции од другите фармери...

Органското производство се субвенционира со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците и со дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.
Годинава органските градинари ќе добиваат повисока финансиска поддршка за 70, а лозарите и овоштарите за 100 проценти.
Половината од трошоците за сертификатот за органски производи ги покрива државата.
По 3.500 денари за хектар следуваат и за зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за плодоред.
Методија Трајков
