Мртво тело пронајдено во куќа во Радовиш
06.11.2015 10:16
Се претпоставува дека станува збор за насилна смрт, односно убиство, но нема повеќе детали за случајот...

Синоќа во семејна куќа во Радовиш е пронајдено мртво тело. Полицијата во присуство на јавен обвинител изврши увид на местото на настанот.
Се претпоставува дека станува збор за насилна смрт, односно убиство, но нема повеќе детали за случајот.
Неофицијално, убиството е последница на љубовна драма со трагичен крај.
