Судири меѓу полицијата и демонстранти во Лондон
06.11.2015 11:39
Протестите наречени „Марш на милион маски“, беа дел од серијата демонстрации во разни делови од светот, што ги покренаа активисти на групата „Анонимуси“...

Едно полициско возило е запалено, а десетина луѓе се повредени во насилството што избувна во лондон во текот на синоќешните анти-капиталистички протести против „нееднаквоста на луѓето“.
Протестите наречени „Марш на милион маски“, беа дел од серијата демонстрации во разни делови од светот, што ги покренаа активисти на групата „Анонимуси“.
Полицијата уапси 28 лица, обвинувајќи ги за повреда на јавниот ред и мир и за улично насилство.
