МВР: За 24 часа издадени 932 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–518, Сирија-246, Ирак-23 додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 932 странски државјани, од кои 542 се од машки пол, 144 се од женски, 199 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 47 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–518, Сирија-246, Ирак-23 додека другите се во помал број.
Досега, издадени се потврди на вкупно 215.275 странски државјани, од кои, 130.157 се од машки пол, 31.662 се од женски, 42.835 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.621 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-137.252, потоа Авганистан-45.969, Ирак-16.333, Пакистан-4.583, Иран-3.834, Палестина-1.758, Сомалија-1.082, Бангладеш-1.019, Конго-504, Мароко-307, Алжир-285, Нигерија-265, Либан-255, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
