МВР и Шумската полиција во лов на дрвократците
Прилепската Шумска полиција и МВР во заедничка акција против дрвократците. Тие стануваат поагресивни и ги напаѓаат надлежните...

Одземени дрва, автомобил ауди, три прекршочни пријави и нападнато полициско возило е билансот од последната , вчерашна, заедничка акција на МВР и шумската полиција во ловот на дивокрадците. Акцијата почнала на Плетвар, па во прилепскиот реон Тројаци, за потоа полицијата, по информации да стигне и до прилепската населба Тризла каде нивното возило било нападнато.
„Се одземени 10 метри просторни дабово огревно дрво. Потоа полицијата имаше друга активност со одредени дрвокрадци. Имаше настанато одредени проблеми. беше нападнато возилото од МВР“, изјави Илија Спиркоски, Шумска полиција Прилеп.
Дрвократците стануваат поагресивни, иако овој период контролите се засилени. Неодамна еден е тешко, а двајца шумски полицајци се полесно повредени, објаснува Спиркоски.
„Организирано е дрвокрадството од поединци, добро организирани во поголеми групи. Секоја екипа која жќе излезе на терен излегува пред лица-дрвокрадци од 10 до 15 души. Во овој период повеќе е ангажирана полицијата и е понамалено дрвокрадството. Но се појавени поголеми инциденти, напади на овластените службени лица“, вели Спирковски.
Невладината Рома С.О.С реагираше акциите против дрвократците да не се прават во населено место.
Елизабета Митреска
