Турција: Апсења пред самитот Г20
06.11.2015 13:38
Американскиот претседател Барак Обама е еден од лидерите кои ќе присуствуваат на самитот од 15 до 16 ноември во Анталија...

Турската полиција во Анталија во очи на самитот Г20 што ќе се одржи следната недела, приведе 20 лица за кои се сомнева дека имаат врска со Исламска држава, јавува турската новинска агенција „Доган“.
Американскиот претседател Барак Обама е еден од лидерите кои ќе присуствуваат на самитот од 15 до 16 ноември во Анталија.
Агенцијата Анадолија наведува дека меѓу осомничените се и двајца руски државјани. Турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу неделава изјави дека Анкара планира да продолжи со воената акција против џихадистите, не прецизирајќи каде и како.
