Расте бројот на загинати по уривањето на браната во Бразил

06.11.2015 13:42

Несреќата се случила откако прво попуштила, а потоа целосно се урнла браната која задржувала отпадни води во рудник за железо...

Расте бројот на загинати откако се урна брана во бразилската држава Минас Геријас. Според последните податоци, загинале седумнаесет лица, а педесетина се исчезнати.

Несреќата се случила откако прво попуштила, а потоа целосно се урнла браната која задржувала отпадни води во рудник за железо.

Спасувачките екипи им помагаат на загрозените. Се стравува дека ќе расте бројот на загинатите.