Шарм Ел Шеик: Британските туристи организирано си заминуваат
Неколку илјади британци останаа заробени на брегот на Црвеното Море, откако британската влада реши да ги суспендира сите летови кон и од летувалиштата во Египет...

Од денеска британските авиокомпании ќе почнат организирано да ги враќаат британските туристи кои се на одмор во египетскиот туристички центар Шарм Ел Шеик, соопштија од Даунинг стрит 10. Во транспортирањето на туристите учествуваат авиони на „Бритиш ервејз“ и „Изи џет“. Целата операција ќе се одвива со примена на специјални мерки за безбедност.
Неколку илјади британци останаа заробени на брегот на Црвеното Море, откако британската влада реши да ги суспендира сите летови кон и од летувалиштата во Египет.
Претседателот Ал Сиси, кој е во посета на Велика Британија изјави дека безбедносните мерки на аеродромот во Шарм Ел Шеик се значително засилени уште пред десет месеци и тоа на барање на Британската влада.
„Тоа што се сличи во Египет може да се случи во која било земја. Истрагата е се уште во тек и таа ќе покаже дали леталото се урнало поради техничка грешка или е терористички акт“, вели жител на Каиро.
Во меѓувреме Британската известувачка служба соопшти дека експлозивната направа во ербасот ја поставил човек кој имал пристап до просторот каде што стои багажот, непосредно пред полетувањето.
