Иванов: Договореното доследно да се спроведе

06.11.2015 14:03

Во писмената изјава, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија, која е врвна стратегиска цел...

Претседателот Ѓорге Иванов го поздрави финализирањето на договорот од Пржино. Во писмената изјава, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија, која е врвна стратегиска цел.

„Резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања. Сите треба да извлечеме поука од оваа епизода и во иднина сите предизвици да ги надминуваме со политички дијалог во институциите на системот, со нивно целосно и безусловно почитување“, стои во писмената изјава на претседателот Иванов.