Нова механизација за земјоделците

06.11.2015 14:36

За трактори и механизација за одгледувачите на житни и индустриски култури од програмата за финсиска поддршка на руралниот развој аплицирале 1.642 земјоделци...

Земјоделците ја потпишаа потребната докумeнтација за механизација. Ќе добијат финансиска подршка за набавка на трактори и други машини за обработка на земјиштето. И Петко Ангелески од прилепско Крушеани наскoро нивите ќе ги обработувасо новиот трактор.

„Ни требаше обнова на механизацијата, побаравме и ни одобрија. Се надеваме дека ќе биде подобро сега, ќе се работи земјата полесно и поекономично“, вели земјоделецот Петко Ангелски.

За трактори и механизација за одгледувачите на житни и индустриски култури од програмата за финсиска поддршка на руралниот развој аплицирале 1.642 земјоделци.

„Средствата за оваа намнеа се 120 милиони денари за 421 корисник. Правиме напори за пренамена на 180 милиони денари како би се опслужиле уште 500 корисници кои имаат доставено соодветни барања“, рече Билјана Вуковиќ, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Освен од овој проект, од Агенцијата се задоволни од интересот на земјоделците за користење на пари од ИПАРД фондовите. Ако 2014-та се ипслатени 500 илјади евра европски средства, годинава има 6 пати повеќе. За наредните две години на располагање се 15 милиони евра.

 

Наташа Јанчиќ