Договор за соработка меѓу државните архиви на Македонија и Албанија

06.11.2015 14:53

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Генералната дирекција на Архивите на Албанија Филип Петровски и Гјет Ндој денеска потпишаа Договор за соработка...

Потпишан договор за соработка помеѓу Државниот архив на Македонија и Генералната дирекција на архивите на Албанија. Договорот  е дел од серијата на обновување на договори кои ги склучува Државниот архив на нашата земја.

Ваквите договори овозможуваат соработка, размена на стручни лица, а во исто време откривање и објавување на новите документи.