Брисел: Да се имплементираат обврските од договорот

06.11.2015 15:10

Официјален Брисел ги охрабрува партиите да ги направат потребните чекори за импементација на обврските од доворот. Во вторник ќе ги објават годишните извештаи за напредокот на земјите од процесот на проширување...

Охрабрување за понатамошно делување во насока на имплементирање на договорените обврски- е првата реакција на Европската Комисија, по синоќешното успешно усвојување на најчуствителните точки од јунскиот договор во Пржино, со што треба да се стави крај на политичката криза во земјава.

„Ги охрабруваме сите партии да ги направат потребните преостанати чекори во насока на имплементирање на обврските од договорот од јуни и јули. Ова е важно и во контекст на претстојниот извештај за напредокот на земјата“, изјави Кристин Грау.

А Европската Комисија ниту денеска не излезе со датум за објавување на извештаите за напредок на државите кандидати за членство во ЕУ.

Процесот е започнатденеска е петок. Останете во тек“, рече Маргаритас Шинас.

Повеќе детали за очекувањата од престојните извештаи, новинарите во Брисел ќе добијат во понеделник за кога е закажан редовен технички брифинг.

Неофицијално, Република Македонија ќе ја добие седмата по ред поседователна препорака за одредување на датум за одпочнување на преговорите.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ