Иванов со дипломатскиот кор во Гевгелија и Дојран

19.01.2014 14:31

Синоќа Гевгелија беше домаќин на традиционалниот прием по повод Новогодишните и Божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија кој го приреди претседателот на РМ, неговата екселенција д-р Ѓорге Иванов.

Синоќа Гевгелија беше домаќин на традиционалниот прием по повод Новогодишните и Божикните празници за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија кој го приреди претседателот на РМ, неговата екселенција д-р Ѓорге Иванов.

- Ми претставува особено задоволство да ве поздравам во Гевгелија, градот чиј дух на гостопримството е вткаен и во неговото име. На прагот на новата 2014 година ви посакувам вам и на вашите семејства многу здравје, среќа и благосостојба. На вашите народи и земји со кои РМ одржува и развива блиски и пријателски односи, им посакувам многу напредок и просперитет, изјави Ѓорѓе Иванов-Претседател на рм

- Утрово во присуство на претседателот на РМ д-р Ѓорге Иванов се одржа презентација на инвестициските можности на општините Гевгелија, Дојран, БОгданци и Валандово.

- Добре дојдовте во Гевгелија, во најјужната општина во РМ, крај самата македонско-грчка граница. Ми причинува посебно задоволство што денеска сте гости на Општина Гевгелија бидејќи на тој начин се остварува нашата заедничка желба за поблиско запознавање со инвестиционите можности во овој пограничен регион., изјави Иван Франгов- градоначалник на општина Гевгелија.

По завршувањето на презентацијата на општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово, претседателот Иванов, градоначалниците и гостите тргнаа во посета на амамот во Гевгелија и во посета на националната установа Музеј на општина Гевгелија. Оттука заминаа на традиционалното осветување на водата и спуштање на светиот крст во Дојранско Езеро по повод верскиот празник Богојавление - Водици.

Лепа Џундева