Временските услови поволни за земјоделците
Метеоролозите со добра вест за земјоделците. И оваа неделава ќе се задржи стабилното време што ќе овозможи завршување на сите полски работи. Ниските утрински температури нема да направат штети.

Стабилното и суво време со свежи утра и високи дневни температури се невообичаени за овој период од годината.
Tоа овозможи да се собере целиот род, особено кај тутунот кој есенва долго се береше.
Ниските минимални темпертаури не предизвикуваат штети во земјоделството, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи. Доцните сорти на грозје, јаболка и друго овошје можат да ги издржат овие минус 2 до минус 4 степени.
Сувото време им овозможи на земјоделците да ја завршат жетвата на оризот, а се очекува пред зимата да бидат посеани и сите планирани површини.
Методија Трајков
