Оружен инцидент во Клинички центар

09.11.2015 10:20

Истрели се слушнале на државниот Клинички центар „Мајка Тереза“. Екипа на МТВ е во клиничкиот центар...

Во оружен инцидент што се случил утрово во Клиничкиот центар во Скопје повредени се три лица. Како што објавија дел од медиумите, меѓу повредените е лекар од абдоменална хирургија откако во него пукал незадоволен пациент.

Полицијата досега привела две лица. Во моментот, на местото на инцидентот е присутна полицијата и го истражува случајот.

Од МВР најавија подетални информации во текот на денот.