Случајот „Шпион“ денеска на Апелација

09.11.2015 10:17

19-те осудени вложија жалби на првостепената пресуда според која сите добија затворски казни...

Случајот „Шпион“ денеска ќе биде разгледуван на јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје. 19-те осудени вложија жалби на првостепената пресуда според која сите добија затворски казни.

Поранешниот разузнавач Марјан Ефремов е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што прибирал информации за странски тајни служби. Покрај него, обвинети и осудени се и поранешниот директор на Дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, тогашен шеф на кабинетот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

Првостепената пресуда е донесена пред 13 месеци, а обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.