Почнува со работа Специјалното јавно обвинителство

09.11.2015 11:00

Според јавниот обвинител Јанева, не се знае колкав е бројот на предметите, тој ќе се утврди откако обвинителството ќе се обрати до соодветните институции...

Почнува со работа специјалното јавно обвинителство, откако сите 12 обвинители минатиот петок положија заклетва пред Советот на јавни обвинители.

Според јавниот обвинител Јанева, не се знае колкав е бројот на предметите, тој ќе се утврди откако обвинителството ќе се обрати до соодветните институции.

На најавите дека Законот за специјално јавно обвинителство ќе биде оспорен пред Уставниот суд, Јанева оценува дека овој суд мора да ги почитува законите и дека не може да коментира уставни одлуки.