Петар Рупески е среќникот во Охрид!

19.01.2014 14:41

Охриѓани на спектакуларен начин го одбележаа големиот христијански празник Богојавление - Водици.Оваа традиција која се повторува повеќе од 2 000 години на брегот на езерото привлече илјадници верници од Охрид и околу 5 000 гости од другите македонски градови и од странство,кои ја проследија неповторливата глетка кога по светиот крст запливаа над 1 000 лица. Највешт и најсреќен овој пат беше Петар Рупески,кој по вторпат го фаќа крстот,поради што од кумовите на манифестацијата беше даруван со сребрен крст со позлата,тежок еден килограм.

„Чувството да се фати светиот крст не може да се опише со зборови.Се надевам дека оваа година ќе бидам посреќен,повесел и дека ќе ми биде побериќетна,како и 2 005-тата, кога прв пат го фатив крстот“, вели  Рупески.

На верско народната манифестација која по фаќањето на крстот прерасна во општонародна веселба присуствуваа и голем број видни личности од политичкиот и од јавниот живот од земјата и од странство,меѓу кои беа премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски.

„Би ја искористил оваа прилика на сите граѓани на Охрид и Република Македонија,како и на сите гости што денеска дојдоа да го проследат осветувањето на чесниот крст да им посакам многу здравје,многу љубов во нивните срца,меѓусебно разбирање,како и сплотување и единство на македонскиот народ“, изјави Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид-кум на Водици.

Интересно е да се каже дека годинава, според сите проценки, празникот Водици во Охрид беше најмасовно одбележан и дека во езерските води запливаа околу 1 300 верници,што е рекордна бројка досега,од кои околу 300 беа од други градови од Македонија,но и гости од Србија,Бугарија,Чешка и Шпанија.