Клинички центар

Лекар ранет од огнено оружје, приведени три лица

09.11.2015 11:23

Инцидентот се случил во 09:30 часот на одделението за абодеменална хирургија на скопскиот Клинички ценар...

Лекар на абдоменална хирурургија во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ е повреден од огнено оружје откако во него пукал незадоволен пациент.

Инцидентот се случил во 09:30 часот на одделението за абодеменална хирургија.

Полицијата привела три лица, родени 1979, 1981 и 1985 година. Полицијата го истражува случајот.

Од МВР најавија подетални информации во текот на денот.