МВР: За 24 часа издадени 3.673 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 2.175, Авганистан- 788, Ирак- 428, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.673 странски државјани, од кои 1.874 се од машки пол, 640 се од женски, 916 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 243 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 2.175, Авганистан- 788, Ирак- 428, додека другите се во помал број.
За речиси пет месеци издадени се потврди за азил на вкупно 224.911 странски државјани, од кои, 135.147 се од машки пол, 33.388 се од женски, 44.983 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.393 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија- 142.925, потоа Авганистан- 47.953, Ирак- 17.190, Пакистан- 4.749, Иран- 4.335, Палестина- 1.873, Сомалија- 1.117, Бангладеж- 1.035, Конго- 508, Мароко- 469, Алжир- 307, Либан- 292, Нигерија- 268, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
