„Ало докторе“: Граѓаните најмногу се жалат на покачен крвен притисок
09.11.2015 11:42
Ова, според сервисот „Ало докторе“, кој досега регистрирал над 60 илјади повици, е резултат на променливите временски услови...

Граѓаните на линијата „Ало докторе“ најмногу се жалат на покачен крвен притисок, главоболки, респираторни симптоми со зголемена телесна температура.
Ова, според сервисот „Ало докторе“, кој досега регистрирал над 60 илјади повици, е резултат на променливите временски услови.
Во „Ало докторе“, на повиците на граѓаните, и натаму се јавуваат 25 врвни лекари на бесплатната линија 02/15 123.
