„Дамата со камелии“ на сцената на МОБ

09.11.2015 12:08

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика...

Балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, ќе биде изведена утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година.

Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка. Во главните улоги ќе настапат првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.