Апелација
Одложена јавната седница за „Шпион“
09.11.2015 12:15
Претседателката на Советот утврди дека за Маџовски немало доказ дека е уредно повикан...

Марјан Маџовски, поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието денеска не дојде на закажаното рочиште во Апелациониот суд, поради што се одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на осудените во аферата „Шпион“.
Претседателката на Советот утврди дека за Маџовски немало доказ дека е уредно повикан. Осуден е на една и пол година затвор и се брани од слобода.
