Министерството за здравство го осуди инцидентот на скопскиот Клинички центар

09.11.2015 12:38

Од Министерството посочуваат дека нападот претставува кривично дело, за коешто е предвидено казна затвор до 10 години...

Министерството за здравство го осуди инцидентот на скопскиот Клинички центар, во кој доктор беше повреден од огнено оружје. Од ресорот бараат институциите целосно да го расветлат случајот и сторителите да се санкционираат согласно законот.

Од Министерството посочуваат дека нападот претставува кривично дело, за коешто е предвидено казна затвор до 10 години, и порачуваат дека ваквите инциденти се недозволиви.

Министерот Тодоров попладнево беше во посета на клиниките, на разговори со персоналот и вработените.