Законите од Договорот во Пржино во Собрание

09.11.2015 12:39

На координацијата на шефовите на пратеничките групи кај претседателот на парламентот, Вељаноски, се прецизираат деталите и седницата за нивното усвојување...

Законите за влада, за заштита на приватноста и на укажувачите, изборниот законик, и формирањето анкетна комисија за прислушувањето, се очекува денеска да бидат доставени до Собранието.

На координацијата на шефовите на пратеничките групи кај претседателот на парламентот, Вељаноски, се прецизираат деталите и седницата за нивното усвојување.

Први на гласање се очекува да бидат ставени измените на Законот за влада, за да се овозможи премиерот Груевски да го достави предлогот за новите министри и дополнителните заменици министри и не подоцна од петок тие да ги преземат функциите.