Најголемиот кинески танцов ансамбл на сцената на МНТ
Грандиозна претстава се очекува вечер во МНТ. Настапува кинескиот Национален танцов ансамбл. Ова е дел од културната соработка меѓу Кина и Македонија...

Македонскиот Народен Театар ги отвора вратите за кинеските уметници од Кинеската национална опера и Театарот за танцова драма. Кинезите најавуваат незаборавен и грандиозен танцов спектакл за античкиот кинески филозоф Конфучиј. Гостувањето е дел од големата турнеја на ансамблитe.
Танцовиот ансамбл „Драгон Кунг Фу“ од Пекинг имаше настап и во Велес, во рамките на манифестацијата за современ танц „Танц Фест“.
Министерката Канческа- Милевска потенцираше дека се надева на уште многу заеднички проекти меѓу двете земји.
Во наредната недела на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и државите од централна и источна Европа кој од 12-ти до 14-ти ноември ќе се одржи во Софија, министерката за култура ќе оствари средба со министерост за култура на Кина, Луо Шуганг.
Александра Перевска
