Нова ракометна класика

19.01.2014 14:44

На Европското ракометно првенство во Данска почнува вториот круг и во групата 2 од главната фаза. Дербито е меѓу Франција и Хрватска кои пренесоа по четири максимални бода во овој натпреварувачки семент. Хрватите ги добија претходните две меѓусебни пресметки на големите собири на коишто Французите го загубија приматот. „Триколорите“ пак, славеа на Бринг купот, кој беше подготовка за тековниот шампионат на континентот.

На Европското ракометно првенство во Данска почнува вториот круг и во групата 2 од главната фаза. Дербито е меѓу Франција и Хрватска кои пренесоа по четири максимални бода во овој натпреварувачки семент. Хрватите ги добија претходните две меѓусебни пресметки на големите собири на коишто Французите го загубија приматот. „Триколорите“ пак, славеа на Бринг купот, кој беше подготовка за тековниот шампионат на континентот. Впрочем, двете ракометни сили досега одиграа 21 натпревар, Франција е поуспешна со 13 победи, Хрватска има седум, а еден дуел заврши нерешено. Последното големо соочување беше во четвртфиналето на претходното Светско првенство во Шпанија, кога Хрватите добија убедливо со 30-23.

***

Група 2, 1.коло, ЕП Данска, денеска:

Полска – Белорусија

Русија – Шведска

Франција – Хрватска

***

Табела:

1.Хрватска 4

2.Франција 4

3. Шведска 2

4.Полска 2

5.Русија 0

6.Белорусија 0