Клиничкиот центар отворен за пациентите

09.11.2015 13:08

Завршен е увидот на полицијата и на обвинителството, откако со огнено оружје беше повреден хирург, а полицијата приведе три лица...

Клиничкиот центар повторно е отворен за пациентите. Завршен е увидот на полицијата и на обвинителството, откако со огнено оружје беше повреден хирург, а полицијата приведе три лица.

Исто така заврши и состанокот на лекарите, со осуда на инцидентот и генерален заклучок дека обидот за убиство на хирургот е напад врз цела професија.