Киднапирани двајца вработени во српската амбасада во Либија

09.11.2015 11:14

Српското МНР прецизира дека либиските власти го информирале за случајот и дека прави се што е можно со предвид на тешката ситуација во земјата, за да се постигне ослободување на своите граѓани...

Двајца службеници, од кои една жена беа киднапирани од Амбасадата на Србија во Либија. Според Белград, двајцата киднапирани се Слаѓана Станковиќ, одговорна за комуникации и нејзиниот возач Јовица Степич.

Српското МНР прецизира дека либиските власти го информирале за случајот и дека прави се што е можно со предвид на тешката ситуација во земјата, за да се постигне ослободување на своите граѓани.

Српскиот премиер изјави дека разговарал со либиските власти за киднапираните службеници од српската амбасада во Либија и дека во следните 48 часа очекува позитивен расплет на настаните.