Поради штрајкот на Луфтханза одложени 929 летови
09.11.2015 13:19
Приближно стотина илјади патници ќе останат без соодветен превоз...

Денеска се одложени 929 летови на Луфтханза поради продолжување на штрајкот на кабинетскиот персонал. Приближно стотина илјади патници ќе останат без соодветен превоз.
Тоа се летови во двата правца кон Франкфурт, Минхен и Дизелдорф. Синдикатот на кабинетскиот персонал е во спор со Управата поради пензиските услови за предвремено пензионирање. Одговорните во германската компанија Луфтханза се подготвени за преговори.
