Иванов на средба со турскиот вицепремиер Акдоган

09.11.2015 13:26

Соговорниците размениле мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за состојбите со мигрантската криза во регионот и во Европа...

Македонско-турската политичка и економска соработка, како и мигрантската криза доминирале на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган.

Притоа се разгледани можностите за инвестиции во повеќе области, како што се културата, образованието и туризмот, со акцент на развојот на културно- историскиот туризам.

Соговорниците размениле мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за состојбите со мигрантската криза во регионот и во Европа.

Претседателот Иванов за отворањето на канцелариите на Турската радио телевизија и на новинската агенција Анатолија во Република Македонија, оценил дека придонесуваат кон подобро запознавање на јавноста со тековните настани. Поздравена е и постојаната поддршка на Турција за членство на земјава во НАТО.