До 2030-та бројот на сиромашни ќе се зголеми за 100 милиони
Во извештајот на Светска банка се наведува дека за да се искорени сиромаштијата, освен планирање на развојот, неопходно е на луѓето да им се помогне да се спротивстават на климатските шокови...

Доколку не се променат климатските услови, до 2030 година, бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија ќе се зголеми за 100 милиони, предупредува Светска банка.
Со климатските промени се погодени најсиромашните делови на светот- Субсахарска Африка и јужна Азија.
Во извештајот на Светска банка се наведува дека за да се искорени сиромаштијата, освен планирање на развојот, неопходно е на луѓето да им се помогне да се спротивстават на климатските шокови, како на пример развој на системите за рано алармирање за можните катастрофи.
Приоритет е намалување на емисијата на штетни гасови.
