Продолжува поддршката за земјоделците

09.11.2015 14:07

Владата ќе продолжи да го субвенционира со единствена цел - Македонија да продолжи со позитивните трендови во економијата, истакна министерот за економија, Беким Незири...

445 милиони евра вредни субвенции им се ставени на располагање на земјоделците во минатата, тековната и за идната година. Надлежните велат дека поддршката ќе продолжи, и од домашни извори и со пари од Eвропската унија.

„Земјоделството е многу битна гранка, тесно поврзана со секторот економија. Владата ќе продолжи да го субвенционира со единствена цел - Македонија да продолжи со позитивните трендови во економијата“, истакна министерот за економија, Беким Незири.

Од вкупно 150 милиони евра земјоделски субвенции годинава, 35 милиони евра отпаѓаат на општини чии градоначалници се Албанци и во кои мнозинството население е албанско.