Тројца Богоројца за Томче Голабоски
Повеќе од 200 млади момчиња скокнаа по светиот крст во водите на реката Црн Дрим од мостот кај хотелот „Београд". Голабоски вели дека заедно со своите другари секоја година скока за здравје на овој голем христијански празник, а годинава по третпат го фаќа светиот крст.

- За многу години денот да поможи на сите празникот. Поголема чест од оваа што го фативме крстот нема. Ова ми е тројца Богоројца по наши кажано. Да даде Господ секој да почувствуват какво е чувството, немам зборови као да го опишам тоа чувство. Ние сме тројца што скокаме секогаш, друштвото наше, рече младиот стружанец Томче Голабоски.
Со денешната служба на мостот на реката Црн Дрим по повод големиот христијански празник чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф. На денешниот празник во Струга при фрлањето на светиот крст присуствуваше и претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски, кој на најсреќниот Томче Голабоски му подари лап топ, а доби и златен крст од митрополитот тетовско- гостиварски, господин Јосиф.
Илјадници верници дојдоа да наполнат вода од осветените води на реката Црн Дрим. Се помолија за здравје и мирна и просперитетна година.
Новинар: Јованчо Наумоски