Пивтијада - традиција во Автокоманда

19.01.2014 15:17

На преполниот плоштад во Автокоманда, Општина Гази Баба по шести пат ја организираше манифестацијата Пивтијада. И годинава жените од урбаните и од месните заедници, Организацијата на жените, Здружението на пензионерите и неколку ресторани ги продаваа своите пивтии.

Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски ги поздрави присутните и им го честита празникот, кој е всушност и повод за организирање на пивтијадата.

Вредните жени неколку дена ги подготвуваа изложените производи.

Катерина Чековска, претседателка на Унијата на жените од МЗ Крсте Мисирков -  Гази Баба рече дека во подготовката на пивтиите учествувале педесетина жени, а освен  пивтии, подготвиле и печива и колачи.

Најдобрите пивтии ги подготвија Невена Димовска од Керамидница, Милка Видевска од Хиподром и Надежда Кирковска од Ченто.

Пивтијадата има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе се донираат на Детската клиника.

Ваквите манифестации ги поддржува и градоначалникот на Град Скопје.

Новинар:Тања Сарандеска

Снимател: Слаѓан Милошевски