Младите и економијата се иднината на помирувањето на овие простори

09.11.2015 17:07

Денеска на Француските гробишта во Битола и на Германските во Прилеп се одбележа денот на помирувањерто по ужасите од Првата Светска војна. Германската и француската амбасадорка со пораки: младите и економијата се клучни за идното помирување на овие простори. Македонија треба да добие помош за бегалската криза во зимски услови...

Германско-француските одлични односи и соработката се пример како да се постигне помирување денес и на овие простори. Но тоа е само пример. Затоа ќе се формира младинска организација за Југоиситочна Европа и ќе им оставиме на младите да продолжат кон иднината. Тоа е пораката на  француската и германската амбасадорка  Лоранс Оер и Кристине Ајтхаузер на денешното одбележување на денот на помирувањето по ужасите од Првата светска војна на француските гробишта во Битола и на германските во Прилеп.

„Ние се обидуваме да дадеме пример. Секогаш е само пример, но секогаш не може да се применува на сите простори. Се планира формирање на Младинска организација за Југоситочна европа и сметам дека е особено важно младите да разменуваат искуства и да соработуваат“, вели Кристине Ајтхаузер, амбасадор на Германија во Макеоднија

Со младите ќе се вклучат економијата и фирмите кои треба да се погрижат за иднината, со што се прави чекор напред во помирувањето на овие простори.

„По конференциите во Берлин и во Виена размислуваме д ги вклучиме младите, економијата, односно фирмите заедно да работата на идното подобро помиртување на овие простори“, изјави францускиот амбасадор Лоренс Оер.

Според германската амбадорка Ајтхаузер се изнаоѓа решение за финансиска помош на Македонија за справување со бегалската криза, особено во зимски услови.

 

Елизабета Митреска