Собранието ги донесе пакетот закони од договорот од Пржино

10.11.2015 08:03

Станува збор за Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик...

Предлог- законите за владата, за заштита на приватноста, измените во изборниот и во кривичниот законик и формирањето анкетна комисија за прислушувањето, доцна синоќа изгласани во собранието.

Беа предложени по скратена постапка. Парламентарните избори ќе се одржат на 24-ти април идната година. Со измените на Изборниот законик е предвидено во рок од 15 дена да се избере новиот состав на Државната изборна комисија од 9 члена. Комисијата ќе има право да поднесува кривични и прекршочни пријави.

Со Законот за заштита на приватноста нема да бидат опфатени досега објавените прислушувани разговори. Законот го опфаќа периодот од 2008-та до 2015-та година, а ќе почне да важи шест месеци по донесувањето. Со него се предвидува до пет години затвор за нелегално прислушување.

Со Законот за укажувачите се штитат оние што ќе достават информации за криминал во институциите. Се очекува денеска во Законодавниот дом да се разгледува и новиот персонален состав во Владата.