Македонската пченица меѓу поскапите во регионот
Во октомври, македонската пченица била меѓу поскапите во регионот. Според комитетот за житни култури на Eвропската комисија, просечните откупни се движеле од 8,4 во Романија до 11,5 денари за килограм во Словенија. Во нашава земја килограм пченица чинел 10 денари...

Во првата недела од октомври во Европа, просечната цена на пченицата била највисока во Словенија, а најниска во Романија. На Балканот, најевтино се продавала во Бугарија за 9,1 денар за килограм, во Србија 9,2, а во Македонија 10 денари.
Цената на пченицата во секоја земја претставува просек на различни откупни места.
Од другите житни култури пченката, која главно се користи за добиточна храна, била нејефтина на берзата во Нови Сад и во Хрватска со 8,3, а најскапа на Франкфуртската берза со 11 денари за килограм.
Методија Трајков
