Приведените за инцидентот на Клиниката за дигестивна хирургија на распит во Кривичниот суд

10.11.2015 09:54

Полицијата им поднесе четири кривични пријави. Роднина на пациентка вчера со три куршуми го погоди лекарот од Дигестивна хирургија...

Тројцата приведени од полицијата, осомничени за вчерашниот инцидент на Kлиниката за дигестивна хирургија, изутринава беа изведени на распит пред судија на претходна постапка, во скопскиот Кривичен суд.

Полицијата им поднесе четири кривични пријави. Роднина на пациентка вчера со три куршуми го погоди лекарот од Дигестивна хирургија.

Причината била што таа починала на клиниката. Хирургот е во стабилна здравствена состојба.

Првиот човек на Клиниката вели дека интервенцијата била изведена професионално, а семејството навреме било известено за постоперативните последици.