Финска привремено ќе го запре прифаќањето бегалци?
Според министерот за внатрешни работи, Петери Орпо, нема да има преговори за прафаќање нови бегалци, додека системот за распределување на квотите не проработи на општоевропско ниво...

Финска има намера привремено да го прекине прифаќањето бегалци според квотите на ЕУ, доколку во нивното прераспределување не учествуваат и другите земји од ЕУ.
Според министерот за внатрешни работи, Петери Орпо, нема да има преговори за прафаќање нови бегалци, додека системот за распределување на квотите не проработи на општоевропско ниво.
Орпо истакна дека на списокот на земјите што се согласиле да учествуваат во процесот, недостасуваат неколку држави, кои не се особено засегнати од бегалската криза.
Во Финска од почетокот на годината веќе пристигнале речиси 26.000 мигранти, главно од Ирак.
