ЕК ќе ги објави извештаите за напредок

10.11.2015 09:08

Во делот за Македонија се очекува да се нотира имплементацијата на пакетот закони според Договорот од Пржино, и државава да добие условена препорака за старт на преговорите со Унијата...

Европската комисија ќе ги објави извештаите за напредокот на земјитe во процесот на евроинтеграциите. Во делот за Македонија се очекува да се нотира имплементацијата на пакетот закони според Договорот од Пржино, и државава да добие условена препорака за старт на преговорите со Унијата.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан го презентираше Извештајот пред Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент во Брисел.

Прес-конференцијата е закажана за 12 часот и 30 минути. Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав пак, попладне ќе го предаде извештајот на државниот врв.