Попоски на сесија во Европарламентот за миграциите

10.11.2015 10:11

На состанокот е предвидено учество на претставници на парламентите на земјите-членки на Унијата, владини претставници од Србија и од Турција, како и меѓународни организации...

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на покана на претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок, во Брисел ќе учествува на сесијата посветена на миграциите низ земјите од Западниот Балкан.

На состанокот е предвидено учество на претставници на парламентите на земјите-членки на Унијата, владини претставници од Србија и од Турција, како и меѓународни организации.

Министерот Попоски ќе ги претстави активностите што ги презема Македонија во справувањето со мигрантската криза и тековните предизвици на тој план, соопштуваат од македонското МНР.