Убиен џелатот на хрватот Томислав Салопек
Ашраф Али Ал Гарабали, водачот на египетскиот органок на Исламска држава е убиен во неделата при обид за апсење, кога дошло до размена на оган со египетските сили...

Египетското министерство за внатрешни работи објави дека силите за безбедност го убиле водечкиот исламистички милитант осомничен за киднапирањето на хрватот Томислав Салопек.
Ашраф Али Ал Гарабали, водачот на египетскиот органок на Исламска држава е убиен во неделата при обид за апсење, кога дошло до размена на оган со египетските сили.
Властите ги истражуваат тврдењата дека провинцијата Синај стои зад уривањето на рускиот патнички авион при што загинаа 224 луѓе, но не постои индикација дека Ал Гарабали е директно поврзан со тоа.
Тој беше еден од најбараните терористи во државата, осомничен за планирање и изведување бројни атентати и бомбашки напади.
