Лавров: Потребни се пошироки преговори за Сирија

10.11.2015 10:32

Лавров повика и на пошироко учество во преговорите во Виена, и истакна дека по следниот состанок треба да бидат повикани и претставници на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека следната рунда преговори за Сирија најверојатно ќе се одржи следниот викенд, нагласувајќи дека не би требало да биде насочена само кон барањата сирискиот претседател Башар Ал Асад да поднесе оставка, туку кон постигнување консензус за тоа кој ја претставува сириската опозиција, а кој треба да се смета за екстремист.

Лавров повика и на пошироко учество во преговорите во Виена, и истакна дека по следниот состанок треба да бидат повикани и претставници на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига. Тој ги обвини владите на некои земји дека ги избегнуваат преговорите.