Хан: Препорака за отворање на преговори со Македонија, но да се исполни договорот и препораките на ЕК
Според еврокомесарот Хан, Македонија има високо ниво на усогласеност со европското законодавство, но се покажало дека политичкиот состав е загрозен поради политичкото мешање и корупцијата...

Македонија добива седма последователна препорака од Европската Комисија за отворање на преговорите за членство во Европската Унија, но под услов целосно спроведување на Договорот од Пржино и имплементација на реформите по препораките на комисијата – ова предмалку го соопшти еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент во Брисел.
Според еврокомесарот, Македонија има високо ниво на усогласеност со европското законодавство, но се покажало дека политичкиот состав е загрозен поради политичкото мешање и корупцијата.
Во јули се постигна политички договор, каде посредуваа европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и тоа на најдобар начин донесе решение на политичката криза. Политичките лидери во земјата мора да се свесни кои се приоритетите за итни за реформи. Потребно е да се доврши и реформа на Охридскиот договор, а дополнителни мерки за доверба се потребни меѓу етничките заедници.
Седницата во Комитет е се уште во тек, а потоа комесарот Хан јавно ќе ги претстави извештаите за напредокот.