Колумбиската полиција заплени 575 килограми кокаин од навивачи

10.11.2015 11:10

Дрогата била откриена во местото Пасто, во близина на јужната граница на Колумбија со Еквадор...

Колумбиската полиција запленила 575 килограми кокаин што ги пронашла во два автобуса со кои група навивачи тргнале во Сантијаго на квалификациски меч на светскиот куп.

Дрогата била откриена во местото Пасто, во близина на јужната граница на Колумбија со Еквадор.

Кокаинот бил скриен под подот на автобусот, како и под седиштата на двајцата возачи кои биле уапсени.