МВР: За 24 часа издадени 5.337 потврди за азил

10.11.2015 12:24

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.196, Авганистан–763, Ирак-779, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 5.337 странски државјани, од кои 2.588 се од машки пол, 908  се од женски, 1.523 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 318 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.196, Авганистан–763, Ирак-779, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 230.248 странски државјани, од кои, 137.735 се од машки пол, 34.296 се од женски, 46.506 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.711 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-146.121, потоа Авганистан-48.716, Ирак-17.969, Пакистан-4.822, Иран-4.522, Палестина-1.918, Сомалија-1.181, Бангладеж-1.054, Мароко-572, Конго-509,  Алжир-329, Либан-335,  Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.