Водици во Дојран
Ристо Стамов од Николиќ беше најсреќниот меѓу тринаесеттемина верници кои напладне запливаа во водите на Дојранското Езеро по светиот крст. Ова му е трет обид, и втор успех во фаќање на крстот. Првиот пат му се посреќило, истото го очекува и годинава.
-Годината ми донесе многу среќа, се вработив во Дојран Стил. Сега очекувам здравје, пред се, вели Ристо Стамов.

Стамов, од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доби златен крст со македонски рубини. Заедно со претседателот, церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици го проследија и голем дел амбасадори во Македонија. Воодушевени се од традицијата и верските обичаи.
-Среќен сум што сум во Дојран, а бев и во Гевгелија. Им благодарам на претседателот и на Општината што ни овозможија да го проследиме ова верско празнување заедно со луѓето од регионот, рече д-р Томас Михаел Бајер, амбасадор на Австрија во Македонија.
-Многу сум среќен што сум тука. Ова е убав настан. Убаво е да се види како се чува и се одржува традицијата. Се надевам дека оваа нова година ќе биде добра за сите, за Македонија и за граѓаните на Македонија, истакна Ернесто Масимино Белели, амбасадор на Италија во Македонија.
Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан се славеше и во сите градови и села во југоисточна Македонија.
Новинар: Катерина Давчева
Снимател: Кире Пиличев