Државата со разни проекти ѝ помага на ромската заедница
Приоритети на државата како дел од Декадата за Ромите се вработување, образование, здравство. Едукацијата, но и законските казни влијаат за менување на свеста кај ромските невладини организации. Министерството за труд и социјална политика со разни проекти и помага на ромската заедница...

Вработување, образование, домување и здравство. Ова се приоритетните области за кои државата се обврза да помага во рамките на Декадата за Ромите. Според анализите, пред десетина години, околу 34 проценти од ромите, го прекинуваат основното образование. Со законските измени, казните за родителите и јакнење на свеста кај ромските невладини организации, според заменик министерот за труд и социјала, Ибрахим Ибрахими, тој процент рапидно се намалува.
Министерството за труд и социјална политика преку разни проекти и помага на ромската заедница. Еден од позначајните е вклучувањето на ромските деца од предучилишна возраст, низ 13 општини во републикава бесплатно да посетуваат градинки. Досега 630 деца ја користат оваа поволност, а од Министерството очекуваат до крајот на годинава тој број да се зголемува. Со децата работат 18 негувателки-ромки. Проблемот кој со години се провлекува е со неевидентираните лица во системот, или пак лица што се евидентирани, но не поседуваат документација. Нивниот број во 2005/2006-та изнесувал околу 5.000. Денес, бројката е многу помала.
Во 2006-та година во државните институции имало 0,01% вработени Роми. После 9 години зборуваме за 1,2% вработени Роми, вели Ибрахими. Во 94-та година во високото образование имало само 7 Роми. Денес има 500 што активно студираат. Ова е огромен чекор напред, но апелот е да го завршат образованието и да најдат трајно вработување, вели- заменик министерот Ибрахими.
Александра Перевска
