Почна оралната вакцинација против беснило
Со авион ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Годинава како и претходните три ќе се реализираат со средства од ИПА програмата...

По осми пат Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува орална вакцинација против беснило. Со авион ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Годинава како и претходните три ќе се реализираат со средства од ИПА програмата.
Апелираме граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат со раце вакциналните мамки кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку, сепак, се случи мамката да се допре со раце, задолжително треба да се побара лекарска помош, изјави директорот на АХВ Зоран Поповски.
До најблиското ветеринарно друштво или ветеринарните инспектори, додаде Поповски, треба да се пријави секое невообичаено однесување на домашните миленици или евентуално на диви животни. Во случај на напад, односно гризнување од улично, домашно или диво животно, граѓаните веднаш да се обратат до својот матичен лекар.
